Arte et humanite, labore et scientia.
Hic locus est ubi mors gaudet succurrere vitaea!
Vita brevis, ars longa.
Дијагностика
Кадар
Наставна дејност
Институт за патологија
Институтот за патологија е врвна образовна, научна и здравствена институција во Република Македонија кој вклучува 12 дијагностичко-истражувачки лаборатории, додипломска настава за студентите од повеќе насоки при факултетите во склоп на УКИМ, Скопје, постдипломска настава (вклучително и докторски студии) и специјалистичката едукација за патолози по принцип на менторство и турнуси по 15 специјализирани подрачја, како и специјалистичка едукација од други лабораториски, интернистички и хируршки области на медицината.
Образовна Дејност
Катедрата за патологија е врвна образовна институција која учествува во додипломска настава за студентите од повеќе насоки при факултетите во склоп на УКИМ, Скопје, вклучувајќи ги студентите на општа медицина на Медицинскиот факултет по предметите Патологија 1 и Патологија 2, за студентите по дентална медицина на Стоматолошкиот факултет по предметите Општа патологија и Патолошки основи на болестите, за студентите на Фармацевтскиот факултет по предметот Општа патологија, за студентите на тригодишните студии на Медицинскиот факултет вклучувајќи стручни медицински сестри, радиолошки технолози, физиотерапевти и логопеди по предметот Општа патологија и инжењер по медицинско лабораториска дијагностика по предметите Патологија и Клиничка цитологија. Во наставата се вклучени 5 наставници и 9 асистенти.
Здравствена Дејност
Од основањето до денес Институтот бележи многукратен раст со развој во современа акредитирана институција. На институтот се развива дијагностичката дејност, вклучувајќи патохистолошки биопсии, клиничко-патоанатомската аутопсија како и имунохистохемиски и хистохемиски анализи, имунофлуоресценција, електронско-микроскопски и молекуларни анализи. Во работата на институтот се вклучени 17 доктори на медицина од кои 4 доктори на медицински науки, 1 доктор по фармацевтски науки, 12 лаборанти, 3 помошници обдуценти, 3 секретарки, 1 администратор и 1 хигиеничар.
Научно–Истражувачка Дејност
Научно-истражувачката дејност е преточена во научни проекти, докторски дисертации, магистерски и специјалистички трудови и публикувани научни и стручни трудови. Реализирани се 28 мултидисциплинарни национални проекта (базични, превентивни и апликативни) и 5 меѓународни. Огромен е бројот на научни и стручни трудови, околу 3000, кои се печатени во домашни и странски стручни публикации. Во моментот институтот е вклучен во три COST проекти и еден проект од Министерството за образование и наука.
ИНСТИТУТ ЗА ПАТОЛОГИЈА – УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ