Историјат

Hic locus est ubi mors gaudet succurrere vitaea!
     Историјат и развој на Институтот за патологија.

Современата патологија што ја знаеме денес, со сите нејзини интегрални дејности, наставна, научна и здравствена, својот почеток и развој го доживува со основањето на Институтот по патологија во состав на Медицинскиот факултет во Скопје, на 17 март 1947 година, како еден од првите пет формирани института при основањето на Медицинскиот факултет во Скопје. Во овие рани повоени години, кога не постоеле адекватни просторни услови за работа на Медицинскиот факултет, Институтот ја вршел својата дејност во просториите на Бактериолошкиот институт во тогашниот Хигиенски завод и во болничката капела. Со изградбата на зградата на Медицинскиот факултет во 1948 година, денешната институтска зграда, Институтот се вселил во просториите во кои функционира и денес.

Основоположник на Институтот за патологија при Медицинскиот факутет во Скопје и првиот раководител на Институтот за патологија бил доц. М. Кнежевиќ од Загреб, кој работел и раководел со Институтот, со повремени отсуства, до октомври 1949 г., кога конечно се вратил во Загреб.

Во првите неколку години по формирањето на МФ-Скопје Институтот за патологија, извршувал функции и од областа на судска медицина, а доц. М. Кнежевиќ повремено извршувал и судско-медицински обдукции. Проф. М. Кнежевиќ, во тесна соработка со лекари од различни клиники, бил првиот кој вовел интраоперативна (ex tempore) биопсија во рутинската работа, сo иновативно оптимизирање подготовка на такви препарати.

Институтот располагал со 20 простории, меѓу кои сала за обдукција и посебна сала за хистопатолошки вежби, една лабораторија и една просторија за микроскопирање за студенти, сала за стручни состаноци и конференции (и во нејзин состав институтска библиотека), ладилник со одделни простории за примање и издавање на умрените, две магацински простории за хемикалии и друг инвентар, една бања со туш, три канцеларии за наставници и четири работни простории за асистенти во Институтот, како и студентска гардероба со метални шкафови сместени во ходникот пред обдукционата сала.

При повремените отсуства во текот на 1948-49 г. и по заминувањето на доц. М. Кнежевиќ во Загреб, за в.д. директор на Институтот за патологија, кон средината на 1948 г., била назначена доц. Ружа Вернер. Потоа, во ноем. 1949 г., по покана од деканот на МФ-Скопје, проф. д-р Стерјо Боздов, вонр. проф. Драгослав Милетиќ дошол од МФ-Белград и раководел со Институтот за патолошка анатомија при МФ-Скопје повеќе од 20 години, до неговото пензионирање во 1971 г.

Во годините од 1950 до 1960 година на Институтот се вработиле д-р Епса Урумова и д-р Љупчо Гроздев. Во оваа декада на Институтот одредено време работеле д-р Кочо Серафимов, д-р Бранко Смилевски, д-р Љубомир Антоновски, д-р Виолета Марцекиќ и д-р Трајко Петровски. По 1961 година на Институтот се вработиле д-р Милан Јовановски, д-р Воислав Вузевски, д-р Предраг Угрински и д-р Ана Бегиќ-Јанева, која подоцна преминала на Институтот за патологија во Приштина, а потоа во Белград. Д-р Воислав Вузевски го напуштил Институтот во 1969 година и работел како професор по патологија на Медицинскиот факултет во Амстердам.

Во 1972 година проф. Е. Урумова била избрана за раководител на  Институтот и раководител на Катедрата  за патолошка анатомија при МФ-Скопје од 1972-82 г.

Во периодот на раководење со Институтот за патолошка анатомија од 1971-82 г. посебно се ангажирала за унапредување на стручноста на лекарскиот кадар во Институтот и во клиничките дејности организирајќи ги клиничко-патолошките научни конфронтации со кои е дадено значење на стручноста и подигнување на нивото на медицината во целина.

Помеѓу 1970 и 1980 година на Катедрата се вработиле д-р Момчило Николовски, д-р Светислав Цветковски, д-р Петар Цветковски, д-р Миљана Толовска, д-р Биљана Богоева и д-р Снежана Дугановска. Во одреден временски период на Институтот биле вработени и д-р Нада Димитрова, д-р Димитар Димитровски, д-р Илија Џонов, д-р Васко Јовковски, д-р Лилјана Веселинова, д-р Олгица Ангелова и д-р Билјана Баќева.

Од 1983 до 1986 година со Катедрата раководи проф. д-р Милан Јовановски, кој е и директор на Институтот за патологија.

Во овој период на Институтот за патологија се вработиле д-р Лилјана Спасевска и д-р Гордана Петрушевска. Од 1988 година со катедрата раководи проф. д-р Милан Јовановски, се до неговото пензионирање во 1998 година. Од 1988 до 1990 година проф. д-р Милан Јовановски е декан на Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1990 до 1992 е проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во овој период на Институтот по патологија се вработиле д-р Милчо Ристовски, д-р Сашо Банев, д-р Весна Јаневска, д-р Боро Илиевски и д-р Светлана Кочмановска.

Во периодот по 1999 година на Институтот се вработиле д-р Славица Костадинова-Куновска (денес редовен професор, раководител со Катедра по патологија), д-р Рубенс Јовановиќ (денес редовен професор), д-р Вања Филиповски, д-р Биљана Димова и д-р Благица Дукова.

Во периодот од 2006 тогаш доц. д-р Гордана Петрушевска (денес редовен професор) раководи со Институтот за патологија.

Во периодот по 2009 година, на Институтот се вработиле д-р Магдалена Богдановска Тодоровска и д-р Селим Комина, а во 2012, д-р Анета Таневска Зрмановска и д-р Глигор Ристовски, а краток период работат и д-р Бојан Лабачевски, д-р Иван Домазетовски и д-р Биљана Спирковска. Во периодот помеѓу 2015 и 2018 година на Институтот по патологија се вработиле д-р Панче Здравковски, д-р Даниела Бајдевска Дукоска, д-р Симона Стојаноска Гоџоска и Александар Ефтимов. Помеѓу 2020 и 2022 година на Институтот по патологија вработени се д-р Владимир Ристески, д-р Милка Кочоска, д-р Тамара Ангеловска и д-р Ана Јовчева Трајковска.

Здравствена и дијагностичка дејност

Од основањето до денес Институтот бележи многукратен раст со развој во современа акредитирана институција. Од почетоците, во Институтот се развива дијагностичката дејност, вклучувајќи патохистолошки биопсии, клиничко-патоанатомската и судско-медицинска обдукција и други видови на анализи како составен дел на дејноста на Институтот.

Во почетокот на шеесеттите години на Институтот за патологија се формира Лабораторијата за експериментална патологија, а на Институтот за радиотерапија и онкологија, Лабораторијата за патохистологија и клиничка цитологија, која во 1972 година станува дел од Катедратa за патологија.

Во 1971 г. Н Институтот за патологија била формирана лабораторија за електронска микроскопија, а покрај првиот JEOL, во 1980-те бил набавен и вториот TESLA електронски микроскоп со поголеми можности.

Во тој периот дијагностичката дејност е поделена во два оддели:

  1. Оддел за цитохистолошка и молекуларна патологија, со лаборатории за биопсии и цитологија, лабораторија за флуоресцентна микроскопија и лабораторија за електронска микроскопија;
  2. Оддел за аутопсии.

Во седумдесеттите години на Институтот за патологија се формираат новите лаборатории за: клеточен имунитет, електронска микроскопија, имунофлуоресценција и ех tеmpore биопсии, а во ЛХКЦ, лабораторијата за кодирање на хистопатолошките и цитолошки наоди по SNОР. Дијагностичките методи во овие лаборатории се меѓу првите од овој вид воведени на просторите на тогашна СФР Југославија.

Во деведесеттите години се формираат две нови лаборатории (на Институтот за патологија и во ЛХКЦ) за имунохистохемија и компјутеризирана хистоморфометрија. Во 1989 година, во склоп на ЛХКЦ, се отвора Оддел за ин ситу хибридизација на Human paрilloma virus и Hерatitis B virus. Bo 2001 година, на Институтот за Патологија се формира Лабораторијата за молекуларна патологија и цитогенетика.

Во последните години се осовременија постојните лаборатории со нова опрема и воведување на нови дијагностички методи. Во 2011 година, Лабораторијата за електронска микроскопија ја прошири и ја осовремени дијагностичката дејност со нова генерација на трансмисионен електронски микроскоп ЈЕМ-1400 со широк спектар на опции: 3D-томографија, добивање на скенинг-слики, EDS и други аналитички можности со најдобри перформанси. Во периодот од 2006 до 2016 година, во Лабораторијата за молекуларна патологија и цитогенетика се воведени три нови методи, како надополнување на претходните методи и техники. Во 2008 година, по инсталирање на системот за хоризонтална 2-D PAGE електрофореза (GE Healthcare) се стандардизира методата за анализа на едноверижни конформациски полиморфизми на ДНК (Single Strand Conformation Polymorphisms — ЅЅСР), како скрининг-метода за пребарување полиморфизми и мутации во серии од ДНК-ампликони. Подоцна, во 2011 година, инсталирани се три нови системи. Едниот од нив е автоматизиран еднокапиларен генетски анализатор (GA 310, ABI), со што се овозможи анализа на генетски секвенци по методата на диденуклеотидна терминација (Sanger), како и фрагментна анализа на ДНК-ампликони, а вториот систем (ABI 7500 Real time PCR system) гo прошири спектарот на Лабораторијата со методата на РСR-анализа во реално време (Real time PCR). Bo 2012 година беше инсталиран автоматизиран систем за сребрена ин ситу хибридизација — ЅIЅН (Benchmark GX), a 2016 година се воведе методата за флуоресцентна ин ситу хибридизација (FISH), која се надоврза на претходно инсталираната ЅIЅH-мeтода и овозможи зголемена сензитивноcт на ин ситу хибрилизациските методи, а лабораторијата започна и со рутинска молекуларна дијагностика за клинички потреби. Во март 2016 година, Институтот за патологија доби акредитација на лабораториите по IЅО стандард 17025 од Агенцијата за акрeдитација на Република Македонија. Ва рамките на здравствено апликативната дејност на Катедрата, редовно се организираат клиничко-патолошки состаноци со голем број хируршки и интернистички клиники. Од 2012 година, лекарите специјалисти учествуваат во работата на онколошките тимови, формирани на хируршките и интернистичките клиники, за корелација на клиничките дијагностички методи и патолошките наоди, усогласување на ставовите и одредување на адекватна терапија и следење на болните.