Катедра

Arte et humanite, labore et scientia.
     Со умеење и човечност, со работа и со знаење.

Катедрата за патологија е врвна образовна, научна и здравствена институција во Република Северна Македонија. Почетокот го доживува со основањето на Институтот по патологија во состав на Медицинскиот факултет во Скопје, на 17 март 1947 година, како еден од првите пет формирани институти. Во 1972 година, Лабораторијата за хистопатологија и клиничка цитологија (ЛХКЦ) при Институтот за радиотерапија и онкологија станува наставна база на Катедрата по патологија. Од скромните почетоци во времето на нејзиното формирање до денес, Катедрата по патологија направи импозантен раст и развој и прерасна во врвна наставно-научна и здравствена институција во Републиката.

Со Катедрата по патологија, во периодот на нејзиното формирање, од 1947 до 1949 година, раководи доц. д-р Мирко Кнежевиќ од Загреб, подоцна професор по патологија на Медицинскиот факултет во Загреб, а негов соработник е д-р Штефија Кнежевиќ. Од 1949 до 1971 година со катедрата успешно раководи проф. д-р Драгослав Милетиќ. Во годините од 1950 до 1960 година на Институтот се вработиле д-р Епса Урумова и д-р Љупчо Гроздев). Во оваа декада на Катедрата одредено време работеле д-р Кочо Серафимов, д-р Бранко Смилевски, д-р Љубомир Антоновски, д-р Виолета Марцекиќ и д-р Трајко Петровски. По 1961 година на Институтот се вработиле д-р Милан Јовановски, д-р Воислав Вузевски, д-р Предраг Угрински и д-р Ана Бегиќ-Јанева, која подоцна преминала на Институтот за патологија во Приштина, а потоа во Белград каде што е професор по патологија. Д-р Воислав Вузевски го напуштил Институтот во 1969 година и работел како професор по патологија на Медицинскиот факултет во Амстердам. 1967 година ас. Д-р Ѓорѓи Ставриќ, вработен во Институтот за радиотерапија и онкологија, станува член на Катедрата по патологија.

Во 1971 година за шеф на Катедрата е избрана проф. д-р Епса Урумова и на таа функција останува до пензионирањето во 1983 година. Помеѓу 1970 и 1980 година на Катедрата се вработиле д-р Момчило Николовски, д-р Светислав Цветковски, д-р Петар Цветковски, д-р Миљана Толовска, д-р Биљана Богоева и д-р Снежана Дугановска. Во одреден временски период на Институтот биле вработени и д-р Нада Димитрова, д-р Димитар Димитровски, д-р Илија Џонов, д-р Васко Јовковски, д-р Лилјана Веселинова, д-р Олгица Ангелова и д-р Билјана Баќева. 1979 година член на катедрата станува ас. д-р Златка Грнчаровска вработена во лабораторијата за цитологија на ГАК. Од 1983 до 1986 година со Катедрата раководи проф. д-р Милан Јовановски, кој е и директор на Институтот за патологија. 1986 година за шеф на катедра е избран проф. д-р Предраг Угрински и на таа функција останува до неговата смрт во 1988 година. Во овој период член на Катедрата станува ас. д-р Ѓорѓи Зографски, вработен во ЛХКЦ, а на Институтот за патологија се вработиле д-р Лилјана Спасевска и д-р Гордана Петрушевска. Од 1988 година со катедрата раководи проф. д-р Милан Јовановски, се до неговото пензионирање во 1998 година. Од 1988 до 1990 година проф. д-р Милан Јовановски е декан на Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1990 до 1992 е проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во овој период на Институтот по патологија се вработиле д-р Милчо Ристовски, д-р Сашо Банев, д-р Весна Јаневска, д-р Боро Илиевски и д-р Светлана Кочмановска. 1992 година членови на Катедрата по патологија станале ас. д-р Нели Башеска и ас. д-р Љубе Ивковски, вработени во Лабораторијата за хистопатологија и клиничка цитологија при Институтот за радиотерапија и онкологија.

Од 1999 до 2002 со Катедрата раководи вонр. проф. д-р Билјана Богоева, од 2002 до 2004 доц. д-р Весна Јаневска, од 2004 до 2006 доц. д-р Гордана Петрушевска (денес редовен професор и раководител на Институтот) и од 2006 година се до пензионирањето во 2020 година со Катедрата раководи проф. д-р Лилјана Спасевска.

Во периодот по 1999 година на Институтот се вработиле д-р Славица Костадинова-Куновска (денес редовен професор, раководител со Катедра по патологија), д-р Рубенс Јовановиќ (денес редовен професор), д-р Вања Филиповски, д-р Биљана Димова и д-р Благица Дуковска. Во 1999 и 2000 година членови на Катедрата станале ас. д-р Џингис Јашар, ас. д-р Ирина Проданова и ас. д-р Катерина Кубелка, вработени во ЛХКЦ при ИРТО и ас. д-р Биљана Хаџи-Ничева, вработена во Лабораторија за цитологија при ГАК во Скопје.

Во периодот по 2009 година, на Институтот се вработиле д-р Магдалена Богдановска и д-р Селим Комина, а во 2012, д-р Анета Таневска Зермановска и д-р Глигор Ристовски, а краток период работат и д-р Бојан Лабачевски, д-р Иван Домазетовски и д-р Биљана Спирковска. Во периодот помеѓу 2015 и 2018 година на Институтот по патологија се вработиле д-р Панче Здравковски, д-р Даниела Бајдевска Дуковска, д-р Симона Стојановска Гоџовска и Александар Ефтимов. Помеѓу 2020 и 2022 година на Институтот по патологија вработени се д-р Владимир Ристески, д-р Милка Кочоска, д-р Тамара Ангеловска и д-р Ана Јовчева Трајковска.

Катедрата за патологија учествувала во формирањето на Медицинскиот факултет во Ниш, на Катедрата за патологија и во 1963/1964 година и целосно ја изведува наставата по патологија. Катедрата за патологија учествувала во формирањето на хистолатолошките и цитолошките лаборатории на: Клиниката за гинекологија и акушерство, Клиниката за дерматовенерологија, Воената болница во Скопје (денес ГОБ „8 Септември”), како и на одделенијата за патологија во склоп на регионалните медицински центри низ Републиката: Битола, Штип, Струмица, Охрид, Прилел, Тетово, Куманово, Кавадарци, Велес и Гостивар. Во периодот од 1998 до 2001 година, проф. д-р Горѓи Зографски, проф. д-р Гордана Петрушевска и проф. д-р Нели Башеска учествувале во наставата на интердисциплинарните постдилломските студии по молекуларна патологија и генетско инженерство во организација на УКИМ и Центарот за молекуларна биологија и генетско инженерство при МАНУ.

Награди и признанија

       3а вложениот труд и постигнатите успеси во унапредување на здравјето, членовите на Катедрата по патологија се одликувани со награди и признанија од Македонското лекарско друштво и Сојузот на лекарите на Македонија со: благодарници, пофалници, дипломи, плакети и плакета „Трифун Пановски”.

Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Високи државни признанија: Орден на заслуги за народ со сребрени зраци; Орден на Републиката со сребрен венец; Орден на Републиката со бронзен венец.

Состав на Катедрата

  • Проф. д-р Гордана Петрушевска
  • Проф. д-р Нели Башеска
  • Проф. д-р Славица Костадинова-Куновска (раководител на Катедрата)
  • Проф. д-р Рубенс Јовановиќ
  • Доц. д-р Магдалена Богдановска Тодоровска
  • Ас. д-р Селим Комина
  • Ас. д-р Благица Крстеска
  • Ас. д-р Глигор Ристовски
  • Ас. д-р Даниела Бајдевска Дукоска
  • Ас. д-р Панче Здравковски
  • Ас. Д-р Симона Стојаноска Гоџоска
  • Ас. д-р Анета Зрмановска Таневска
  • Ас. д-р Владимир Ристески
  • Ас. д-р Ана Јовчева Трајковска

 

Во работата на Катедрата по патологија учествуваат и лекарите специјалисти, Прим. д-р Боро Илиевски, д-р Светлана Кочмановска, како и лекарите на специјализација д-р Милка Кочоска и д-р Тамара Ангеловска.